На средината од првото полувреме од големото дерби меѓу Ливерпул и Арсенал, левиот бек на домашните Костас Цимикас се повреди по еден дуел со Букајо Сака. Гркот загуби рамнотежа и крај аут линијата го собори и својот менаџер Јирген Клоп.
Германскиот менаџер падна со полна тежина врз грчкиот дефанзивец и очигледно му нанесе незгодна повреда на рамото.
Цимикас мораше да биде изваден од игра, а на негово место дојде Џо Гомез.
Во фантастичните први 45 минути резултатот е 1:1. Арсенал поведе со голот на Габриел во 4. минута, а Салах израмни во 29. минута.
A quick look at the action that caused Tsimikas shoulder-collar bone injury. pic.twitter.com/zikGHe1fsX
— LFC Transfer Room (@LFCTransferRoom) December 23, 2023