Сопственикот на Детроит им одговори на навивачите: Не го продавам клубот!

319

Сопственикот на НБА тимот Детроит Пистонс, Том Горес, одговори на повиците на навивачите да го продаде тимот поради катастрофалниот настап оваа сезона.

„Можат да кажат што сакаат, но барањата да го продадам клубот, тоа е едноставно смешно. Освен што победуваме, а треба почесто да победуваме, правиме многу и за кошаркарската јавност. Играчите и организацијата прават многу за заедницата“, рече Горес.

Детроит во последниот меч загуби од Јута Џез во регуларниот дел од сезоната, а поразот беше 25-ти во низа за клубот од Мичиген.

ПретходноДожд од картони и два гола за победа на Рома (ВИДЕО)
СледноМаестралниот Дончиќ, сега е на 11 поени до фамозната бројка од 10.000 во кариерата, Јокиќ и Денвер со нова победа! (ВИДЕО)