Попладнево во стандардниот термин од 16 часот, се одиграа четири средби од 18.коло во Премиерлигата. Секако дека по обичај беше и тоа како интересно.
Тотенхем на свој терен славеше протов Евертон со 2:1, иако потешко од очекувањата ако се зна дека “спарси“ веќе во 18.минута имаше 2:0 со головите на Ришарлисон и Сон.
Сепак “карамелите“ во продолжение од средбата заиграа поквалитетно и успеаја да намалат на 2:1 со голот на Гомес во 82.минута. До крајот гостите имаа неколку шанси, ја погодија и пречката па така Тотенхем со многу среќа дојде до трите бода.
Лутон со 1:0 го победи Њукасл кој влезе во лоша серија, стрелец на победничкиот гол беше дело на Таузенд. По мечот играчите на Лутон оваа победа му ја посветија на својот капитен Локер кој преживеа срцев удар.
Барнли со 0:2 славеше на гости кај Фулам, додека Борнмут успеа со 2:3 да слави кај Нотингем Форест.