Трансфермаркт: Ова се тројцата највредни фудбалери во светот

1620

Трансфермаркт, специјализираната страница за проценка на вредноста на фудбалерите и голема база на податоци, објави нови суми за играчите од шпанската лига. Најскап фудбалер е офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид, Англичанецот Џуд Белингем (20), чија вредност се зголеми од 150 на 180 милиони евра.

Така Белингем се изедначи со Килијан Мбапе (25) од ПСЖ и Ерлинг Халанд (23) од Манчестер Сити, па сега го формираат триото највредни фудбалери на Трансфермаркт. По нив следуваат Винисиус (23) од Реал со вредност од 150 милиони евра и Букајо Сака (22) од Арсенал со 120 милиони евра.

Белингем летово пристигна во Реал од Борусија Дортмунд во трансфер кој со бонуси ќе вреди повеќе од 100 милиони евра. Англичанецот веднаш стана најважниот играч во тимот на тренерот Карло Анчелоти. На 21 настап постигна дури 17 гола и асистираше на пет од кои директно донесе неколку победи на мадридскиот тим со своите голови. Неговиот договор е со важност до 2029 година.

Халанд е напаѓач на Сити и втор во гласањето за „Златната топка“ во 2023 година, веднаш зад Лионел Меси. Норвежанецот постигна 19 гола и имаше пет асистенции во 22 настапи оваа сезона. Тој беше неверојатен и минатата сезона, неговата прва сезона во клубот од Манчестер. Потоа постигна 52 голови на 53 натпревари, со девет асистенции. Неговиот договор е со важност до 2027 година.

Мбапе е најдобриот играч на ПСЖ. Без разлика дали е во врвот на нападот или на крилните позиции, оваа сезона има 21 гол и две асистенции на 22 натпревари. Со оглед на тоа дека неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а тој се уште нема потпишано нов, тој би можел да го смени клубот во летото 2024 година. Најчесто го поврзуваат со Реал.

ПретходноНеверојатно: Ѕвездата на Леверкузен со најверните фанови на Ривер “фатен“ како навива за својот некогашен клуб! (ВИДЕО)
СледноЈокиќ е раскрварен речиси секој меч (ВИДЕО)