Готово е: Осимен во Наполи до 2026, откупната клаузула сега изнесува 130 милиони евра!

110

Сега и дефинитивно е готово. Виктор Осимен потпиша нов договор со Наполи со важност до 2026 година. Откупната клаузула сега изнесува 130 милиони евра.

Ова значи дека најдобриот фудбалер во Серија А за минатата сезона со која со Наполи стана шампион, набргу ќе го напушти клубот од под Везув а Наполи ќе добие 130 милиони евра.

Да се потсетиме дека во изминатиот период речиси сите најголеми европски клубови го посакуваа Нигериецот во своите редови.

ПретходноМајсторија на Влаховиќ за победа на Јуве! (ВИДЕО)
СледноТалески денеска ќе се приклучи во репрезентативниот строј!