Дожд од картони и два гола за победа на Рома (ВИДЕО)

286

Фудбалерите на Рома славеа против шампионот Наполи со 2:0 во 17. коло од италијанската Серија А.

Избраниците на Жозе Мурињо го добија дуелот по многу возбудувања, 11 жолти и два црвени картони и гол на замената Лоренцо Пелегрини кој го „прекрши“ мечот.

Натпреварот изобилуваше со картони, а и тренерите на двете екипи добија жолти картони.

Деталот кој го реши победникот се случи во 76. минута, кога Лоренцо Пелегрини, кој беше резерва за овој меч, постигна убав гол, со што ја запечати судбината на наполитанците во италијанската престолнина.

Нервозата кај гостите кулминираше во 86. минута кога беше исклучен и Осимен, откако претходно „поцрвене“ и Политано. Ромелу Лукаку во последните моменти од средбата ја затресе мрежата на гостите за конечни 2:0.

ПретходноРокот истекува во јануари: Барса се уште го нема платено целиот трансфер на Педри
СледноСопственикот на Детроит им одговори на навивачите: Не го продавам клубот!