Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас денеска ќе ги направи потребните лекарски прегледи за да стане и официјално дел од тимот на Лајпциг.
„Дијамантот“ веќе е во Германија, а до крајот на денот треба да ја исполни претпоследната фаза. Познатиот новинар Фабрицио Романо потврди дека веднаш по лекарските прегледи ќе следи и потпишување на договорот.