Малески во нападот на Тиквеш!

1643

Христијан Малески (21), еден од најдобрите млади напаѓачи во ПМФЛ во пролетниот дел ќе го предводи нападот на Тиквеш. Стружанецот во изминатата полусезона, како играч на Струга ТЛ го носеше дресот на Брера, а откако му истече позајмицата со струмичани, тој сега ќе оди на нова позајмица и тоа во Кавадарци.

Секако ова е добар потег на раководството на Струга ТЛ, но и на самиот фудбалер ако се знае дека во нападот на шампионот има силна конкуренција и би имал помала минутажа од таа што би ја имал во таборот на Тиквеш.

Со ова тимот на Ѓорѓи Мојсов добива големо засилување.

ПретходноСензационално: Захов на голот на Воска?!
СледноЕуро Никел славеше кај Кожув, Феникс убедлив против Вардар!