Менаџерот на Лутон: Оваа победа е за Том, јас сум емотивна руина!

124

Менаџерот на Лутон Таун, Роб Едвардс по победата над Њукасл изјави дека е горд на тоа како неговиот тим играше на оваа средба по тажниот инцидент со капитенот Том Локиер. Лутон ја заврши емотивната недела со победа над тимот од „Ст. Џејмс Парк“.

„Во моментов сум емотивна руина“, изјави Едвардс по домашната победа. „Јас сум исклучително горд на сè и на сите во клубот. Ова беше неверојатно тешка недела за сите нас и се соочив со најголемиот предизвик во мојата кариера. Овие типови сценарија не се вклучени во курсот за тренери. Сакавме да постигнеме добар резултат за Том. Ситуацијата не беше дополнителна мотивација, туку сакавме да покажеме дека сме тим. Том е храбар, решителен, вистински борец. Такви беа и сите момчиња денес. Навистина е чудно да се зборува за фудбал после ваква недела…“, вели Едвардс.

ПретходноВан Дајк кон судијата на дербито: Да не си пиел нешто? (ВИДЕО)
СледноТалески и се приклучи на репрезентацијата, веќе одработи и прв тренинг (ФОТО)