На сите им подаде рака, а него го бакна: Цел свет виде кој е миленикот на Пеп Гвардиола (ВИДЕО)

5671

Финалето на Светското клупско првенство не ја донесе очекуваната драма и возбуда бидејќи Манчестер Сити полесно од очекувањата го декласираше Флуминенсе со 4:0. Пеп Гвардиола привлече внимание на крајот од натпреварот бидејќи со еден потег на сите им покажа кој е негов миленик во тимот на граѓаните.

Кога веќе се беше средено и додека се чекаше последниот свиреж на судијата, камерата го сними Пеп како ги поздравува сите играчи на клупата и им честита на победата и освојувањето на новиот трофеј.

Но, само на еден од нив му подаде рака, па дури и го бакна, што пак доволно говори за се. Тоа е шпанскиот репрезентативец Родри, кој за Гвардиола е очигледно над останатите, а тоа не е чудно бидејќи овој играч од средниот ред е еден од најзаслужните за многуте трофеи кои Сити ги освои оваа година поради головите кои ги постигна на најважните натпревари.

Родри беше на клупата бидејќи мораше порано да ја напушти играта поради повреда на коленото, но за среќа, според Гвардиола, повредата на шпанскиот играч за врска не е од сериозна природа.

ПретходноГотово е: Дијамантот ги мина лекарските прегледи, останува уште промоцијата во Лајпциг!
СледноЕве зошто мечот меѓу Данди и Абердин на Миовски е одложен! (ФОТО)