Како што пишува порталот “Фактор.мк“, најголемиот буџет за 2023 година од нашите клубови во ПМФЛ, имала Шкендија и тоа 3,2 милиони евра. Секако дека за наши услови тоа е неверојатна сума. Интересно, и со овие пари Шкендија не освои титула, ниту пехар во Купот а се избламира во фудбалска Европа. Сепак Шкендија за 2023 година имала добивка од 250.000 евра.
Втор клуб со најголем буџет е Шкупи, со 2,0 милиони евра и со добивка од неверојатни 461.000 евра.
Интересно, за шампионот Струга ТЛ кој во 2023 година беше убедливо нандобриот клуб во Македонија, имаше и одличен настап во Европа, сеуште нема официјални податоци околу оваа тематика.
По Шкендија и Шкупи, сите останати наши клубови имаче буџети помалку од 1.000.000 евра.
Во продолжение можете да ги видите буџетите на оние клубови кои во 2023 година играле во ПМФЛ, се земаат в предвид оние кои играле за минатата сезона 2022/23 а не за оваа тековната.
Во загради се добивките или загубите на секој клуб.
ТАБЕЛА
Шкендија 3,2 милиони евра (добивка +250.000 евра)
Шкупи 2,0 (+461.000)
Брера 848.000 (+51.000)
Силекс 845.000 (+4.200)
Македонија ЃП 786.000 (+50.000)
Работнички 627.000 (+117.000)
Брегалница 524.000 (+266)
Тиквеш 438.00 (-48.000)
Победа 159.000 (/)
Скопје 140.000 (-2.200)