Познат распоредот на квалификациските дуели за јуниорите и јуниорките

160

Машката јуниорска репрезентација на Македонија до 18 години го доби и распоредот на мечевите во квалификациите за ЕП 2024 година. Во зонските квалификации, нашите јуниори се домаќини на групата „А“ од „балканската група“ во која ќе играме против селекциите на Косово и Грција.

Турнирот ќе се одржи во салата „Парк“ во Струмица, а истиот ќе започне на 18 јануари (17 ч.) со мечот меѓу Грција и Косово. Ден подоцна (19 јануари) со почеток од 19.30 часот нашите јуниори ќе го одиграа првиот квалификациски меч против Косово, за на 20 јануари (19.30 ч.) да го одиграме и вториот меч, овој пат против Грција.

Јуниорките, пак, ќе играат на турнирот во Софија, Бугарија. Тие почнуваат на 17 јануари со меч против Турција, а ден подоцна ќе играме и со Србија. Двата меча се закажани од 15 часот.

ПретходноЕлмас веќе е во Лајпциг, денеска прегледи и потпис!
СледноЈунајтед конечно најде купувач за играч кој веќе никој не го сака во клубот