Претседателот на мароканскиот фудбалски клуб Видад, Саид Нацири приведен поради трговија со наркотици.
Нацири се соочува со неколку обвиненија, вклучително и „фалсификување службени документи, поседување и дистрибуција на дрога и употреба на фалсификувани чекови“, потврдил неговиот адвокат.
Истражните судии на Апелациониот суд во Казабланка исто така го обвинија Нацари за злосторства, објавија мароканските медиуми. Истрагата е покрената по изјавата на државјанин на Мали, кој веќе е осуден во Мароко за трговија со наркотици.
Видад три пати ја освојуваше африканската Лига на шампиони и е еден од најуспешните марокански клубови.