Реал Мадрид се распрашува за потенцијалниот трансфер на Рафаел Варан (30). Францускиот стопер наводно не е во добри односи со тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, па би можел да го напушти клубот веќе во зимскиот преоден рок, иако неговиот договор е со важност до летото 2025 година.
Варан кариерата ја започна во Ленс, додека од 2011 до 2021 година беше член на Реал. Тој забележа 360 официјални настапи во мадридскиот клуб и освои 18 трофеи: четири Лиги на шампиони, четири светски клупски првенства, три Ла Лига, три Суперкупа на УЕФА, еден Куп на Шпанија и три шпански Суперкупа.
Реал во 2011 година му плати 11 милиони евра, а десет години подоцна го продаде за 40 милиони евра. Варан оваа сезона забележа 14 настапи и еден гол за клубот од Манчестер, но Тен Хег не го гледа како стандарден првотимец.
Според Transfermarkt, Французинот со 93 репрезентативни настапи и го освои Светското првенство во 2018 година и Лигата на нации 2021 година вреди 25 милиони евра.