Шпанска Барселона по 4,5 години дури сега целосно ќе го плати трансферот на Педри од Лас Палмас.
Според извори од клубот, Блауграна досга го платила само поголемиот дел од трансферот, но сепак му должат на Лас Палмас 5 милиони евра. Каталонците оваа сума мора да ја платат најдоцна до 31 јануари 2024 година.
Педри е дете на Лас Палмас. Во есента 2019 година, тој се пресели во Барселона, според интернет порталот Трансфермаркт, за 22 милиони евра, но веднаш беше позајмен во Лас Палмас.
Од летото 2020 година, Педри одигра 120 натпревари за Блауграна во сите натпреварувања, на кои постигна 17 гола и девет асистенции.