Сопственикот на НБА тимот Детроит Пистонс, Том Горес, одговори на повиците на навивачите да го продаде тимот поради катастрофалниот настап оваа сезона.
„Можат да кажат што сакаат, но барањата да го продадам клубот, тоа е едноставно смешно. Освен што победуваме, а треба почесто да победуваме, правиме многу и за кошаркарската јавност. Играчите и организацијата прават многу за заедницата“, рече Горес.
Детроит во последниот меч загуби од Јута Џез во регуларниот дел од сезоната, а поразот беше 25-ти во низа за клубот од Мичиген.