Навистина што се случува во таборот на Воска. Откако пред две недели челниците на клубот одлучија, очекувано, да се разделат со спортскиот директор Артан Борова, денеска и официјално беше објавено дека прволигашот од Охрид се разделува со шесттмина играчи.
Тоа се Хадис Велии, Фати Исмаили, Бесар Исени, Александар Ѓорѓиески, Бујар Хајдари и Сикиру Олатубосун.
Дали ова значи дека Воска има намера да купува нови играчи, поквалитетни од овие, или пак нема намера да се “расфрла“ со пари за пролетниот дел во сезоната.
Да потсетиме дека Воска ја чека тешка битка за опстанок, но и со обврски во Купот на Македонија, каде е во полуфиналето.