Јунајтед конечно најде купувач за играч кој веќе никој не го сака во клубот

2690

Како што стојат работите, Манчестер Јунајтед најде купувач за играч кој веќе никој не сака да го види во клубот, а тоа е Антони Марсијал.

Откако пристигна во 2015 година од Монако за 36 милиони фунти, тој никогаш не го покажа целиот свој потенцијал.

Неговиот договор истекува на крајот од сезоната, а Манчестер Јунајтед бараше купувач кој ќе го доведе во јануари за да заработи барем нешто.

Според италијанските медиуми, раководството на Манчестер Јунајтед успеало во тоа и Марсијал кариерата ќе ја продолжи во Италија, поточно во Интер.

Наводно, раководството на Интер преферира позајмица со задолжителен откуп на крајот на сезоната по цена од 8 милиони евра.

Извесно е дека ова нема да биде единствената понуда за Марсијал, особено што на лето станува слободен играч, се разбира доколку не се согласи да замине во Интер.

Марсијал во последно време игра навистина лошо, а не е во плановите на тренерот на Манчестер Јунајтед, а шанса пред него добиваат Рашфрод и Хојлунд.

ПретходноПознат распоредот на квалификациските дуели за јуниорите и јуниорките
СледноПМФЛ: Шкендија во 2023 имала буџет од 3,2 милиони евра, Шкупи со 2,0 милиони, Брера располагала со 848,000 евра….