Љоренте за три бода за Атлетико (М)

52

Фудбалерите на Атлетико го совладаа тимот на Севиља со 1:0 во заостанатиот натпревар од четвртото коло на шпанската Примера.

Избраниците на Диего Симеоне сосема заслужено стигнаа до трите бода против Андалузијците кои втор натпревар по ред не можеа да избегнат пораз.

По нерешените 0:0 на полувреме, веднаш на почетокот на вториот дел од натпреварот, Атлетико поведе. Не мина ниту една минута кога Маркос Љоренте ја искористи топката на Рамос и ја затресе мрежата на гостите.

Севиља мораше да тргне поофанзивно, а тоа му остави доволно простор на Атлетико за опасни контра напади. Во 71. минута домашните останаа со играч помалку, бидејќи Сојунчу беше исклучен по непромислениот старт против Окампос.

ПретходноЕуро Никел славеше кај Кожув, Феникс убедлив против Вардар!
СледноПолувреме: Клоп го повреди Цимикас, атомски фудбал со по еден гол на „Енфилд“