Арсенал може да биде среќен, освои голем бод на „Енфилд“ (ВИДЕО)

175

Во фантастично дерби, фудбалерите на Ливерпул и Арсенал ремизираа 1:1. Домашните беа многу блиску до победата, но клучната шанса, Александер-Арнолд не успеа да ја претвори во гол за победа.

Дуелот меѓу лидерите на табелата ги оправда очекувањата. Се играше во неверојатен ритам, Ливерпул беше поблиску до победата, а судијата Крис Кавана се чини дека направи голема грешка не досудувајќи пенал за домаќинот.

Арсенал одлично го започна натпреварот и уште во четвртата минута преку Габриел дојде до водство од 0:1.

Примениот гол како да го натера Ливерпул да тргне екстремно агресивн. Домашните во следните минути креираа неколку шанси за израмнување, за конечно во 29. минута Салах со еден убав погодок да израмни на 1:1.

Првата принудна измена Клоп мораше да ја направи во 34. Минута, кога левиот бек Костас Цимикас го повреди рамото. Во 67. минута Клоп направи тројна измена, наместо Гакпо, Дијаз и Џонс, во игра влегоа Нуњез, Елиот и Гравенберх, додека Артета го извади Мартинели од игра и му даде шанса на Тросар.

Клучната шанса Ливерпул ја имаше во 71. минута. Гостите лошо го изведоа ударот од корнер, топката дојде до Салах кој изведе молскавичен контранапад, го следеа тројца соиграчи, а топката стигна до Арнолд кој со силен удар ја затресе гредата. До крајот на натпреварот немаше големи шанси, а позадоволен од бодот може да биде Арсенал кој остана лидер на табелата.

ПретходноЛидерот во Серија А без грешка: Интер го „реши“ и Лече
СледноВан Дајк кон судијата на дербито: Да не си пиел нешто? (ВИДЕО)