Сега и дефинитивно е готово. Виктор Осимен потпиша нов договор со Наполи со важност до 2026 година. Откупната клаузула сега изнесува 130 милиони евра.
Ова значи дека најдобриот фудбалер во Серија А за минатата сезона со која со Наполи стана шампион, набргу ќе го напушти клубот од под Везув а Наполи ќе добие 130 милиони евра.
Да се потсетиме дека во изминатиот период речиси сите најголеми европски клубови го посакуваа Нигериецот во своите редови.