Еуро Никел славеше кај Кожув, Феникс убедлив против Вардар!

77

Попладнево се одиграа два меча од 13.коло во нашата елитна кошаркарска лига. Еуро Никел на гости кај Кожув успеа да триумфира со 81:86. Интересен меч, во кој првиот период кавадарчани го добија со 16:20, но затоа гевгеличани вратија и тоа како во втората четвртина со 28:20.

Сепак во продолжение од средбата тимот на Еуро Никел знаеше како треба да одигра и така дојде до потребната победа.

Пред крајот имаше и драма, домашните ја истопија предноста, но сепак Еуро Никел успеа да слави.

Артисон кај домашните постигна 29 поени, додека Глигоријевиќ со 19 поени беше најефикасен кај гостите.

Феникс како гостин убедливи го доби Вардар со 89:104. Во текот на целиот меч гостите ја имаа предноста, и на крајот заслужено ги освоија бодовите. Вардарци се обидуваа да сторат нешто повеќе, но сепак едноставно во пресудните моменти остануваа без сила што се вели.

Инаку кога сме кај најефикасните на оваа средба, кај победничкиот тим Бојан Крстевски забележа 23 поени, додека Метјуз запре на 22 поени.

Кај домашниот состав се истакна Митков со 18 поени.

ПретходноМалески во нападот на Тиквеш!
СледноЉоренте за три бода за Атлетико (М)