Во првите минути од натпреварот меѓу Ливерпул и Арсенал во супер-дербито на 18. коло од Премиер лигата имаше спорна ситуација откако Мартин Одегард играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Главниот судија не реагираше, а чудно е што и луѓето од ВАР исто така не интервенираа.
Репризите покажаа дека има сериозни индиции за игра со раката на Норвежанецот, немаше одлука за пенал, а навивачите на „Енфилд“ беа крајно незадоволни од оваа одлука.
Погледнете ја ситуацијата и проценете сами!
🚨 No penalty for Liverpool !!!pic.twitter.com/eFcVLFPtXS
— KinG £ (@xKGx__) December 23, 2023