Клоп потврди: Цимикас има скршеница на рамото, го чека долга пауза

512

Се чекаат резултатите од прегледот, но Јирген Клоп потврди дека грчкиот бек Цимикас има скршеница и дека го очекува долга пауза.

Костас Цимикас беше заменет во 35. минута од натпреварот меѓу Ливерпул и Арсенал (1:1) и поради повреда на рамото беше пренесен во болница. Се сомнева дека има фрактура на рамената коска, што за Ливерпул би значело уште една долготрајна повреда на лев бек.

Цимикас по 15-ти пат сезонава беше стартер по повредата на Енди Робертсон, кој исто така ја скрши коската на рамото. Во средината на првото полувреме во еден дуел Цимикас беше истуркан од теренот од Букајо Сака, падна директно на рамото откако го „покоси“ и менаџерот Клоп.

ПретходноТалески и се приклучи на репрезентацијата, веќе одработи и прв тренинг (ФОТО)
СледноБонучи не може да се снајде во Германија, се враќа во Серија А