Фудбалерите на Интер славеа на домашен терен против Лече со 2:0 и останаа со 4 бода предност на врвот на табелата во Серија А. Избраниците на Симоне Инзаги остварија заслужена победа иако до прв гол чекаа до 43. минута кога Јан Бишек го постигна својот прв гол во дресот на „нероазурите“.
Предноста на Интер ја удвои Николо Барела, кој во 78. минута ја искористи маестралната асистенција на Арнаутовиќ и го постави конечниот резултат.
Верона на домашен терен славеше против Каљари со идентичен резултат, 2:0.