ПМФЛ: Шкендија во 2023 имала буџет од 3,2 милиони евра, Шкупи со 2,0 милиони, Брера располагала со 848,000 евра….

5424

Како што пишува порталот Фактор.мк“, најголемиот буџет за 2023 година од нашите клубови во ПМФЛ, имала Шкендија и тоа 3,2 милиони евра. Секако дека за наши услови тоа е неверојатна сума. Интересно, и со овие пари Шкендија не освои титула, ниту пехар во Купот а се избламира во фудбалска Европа. Сепак Шкендија за 2023 година имала добивка од 250.000 евра.

Втор клуб со најголем буџет е Шкупи, со 2,0 милиони евра и со добивка од неверојатни 461.000 евра.

Интересно, за шампионот Струга ТЛ кој во 2023 година беше убедливо нандобриот клуб во Македонија, имаше и одличен настап во Европа, сеуште нема официјални податоци околу оваа тематика.

По Шкендија и Шкупи, сите останати наши клубови имаче буџети помалку од 1.000.000 евра.

Во продолжение можете да ги видите буџетите на оние клубови кои во 2023 година играле во ПМФЛ, се земаат в предвид оние кои играле за минатата сезона 2022/23 а не за оваа тековната.

Во загради се добивките или загубите на секој клуб.

ТАБЕЛА

Шкендија 3,2 милиони евра (добивка +250.000 евра)

Шкупи 2,0 (+461.000)

Брера 848.000 (+51.000)

Силекс 845.000 (+4.200)

Македонија ЃП 786.000 (+50.000)

Работнички 627.000 (+117.000)

Брегалница 524.000 (+266)

Тиквеш 438.00 (-48.000)

Победа 159.000 (/)

Скопје 140.000 (-2.200)

ПретходноЈунајтед конечно најде купувач за играч кој веќе никој не го сака во клубот
СледноМајсторија на Влаховиќ за победа на Јуве! (ВИДЕО)