Полувреме: Клоп го повреди Цимикас, атомски фудбал со по еден гол на „Енфилд“

1260

На средината од првото полувреме од големото дерби меѓу Ливерпул и Арсенал, левиот бек на домашните Костас Цимикас се повреди по еден дуел со Букајо Сака. Гркот загуби рамнотежа и крај аут линијата го собори и својот менаџер Јирген Клоп.

Германскиот менаџер падна со полна тежина врз грчкиот дефанзивец и очигледно му нанесе незгодна повреда на рамото.

Цимикас мораше да биде изваден од игра, а на негово место дојде Џо Гомез.

Во фантастичните први 45 минути резултатот е 1:1. Арсенал поведе со голот на Габриел во 4. минута, а Салах израмни во 29. минута.

ПретходноЉоренте за три бода за Атлетико (М)
СледноИмаше ли пенал за Ливерпул? Одегард игра со рака, судијата и ВАР молчат! (ВИДЕО)