По цели осум сезони на голот на Шкендија, Костадин Захов се чини дека напролет ќе го чува голот на Воска. Според порталот Open-tv.mk договорено било искусниот голман како позајмен играч на Шкендија во пролетниот дел да го брани голот на прволигашот од Охрид.
Секако дека ова би било големо засилување за тимот на Воска, кој денеска се раздели со својот голман Хадис Велии.
Инаку дознаваме дека покрај Воска уште два клуба биле заинтересирани за да тоа да го позајмат некогашниот репрезентативец на Македонија.
Секако дека за ова да се случи треба согласност да даде и самиот Захов кој е под договор со Шкендија.