Божиќ носи главоболки за Њукасл: Хау без 10 играчи против Нотингем Форест

214

„Боксинг деј“ може да излезе дека ќе биде вистински ден за подароци за екипата на Нотингем Форест. „Шумарите“ играат со Њукасл против кој освојувањето на бодови може да им помогне да останат во трката за опстанок.

Причина да веруваат во ваков успех, „шумарите“ имаат во фактот што кризата со повредени и суспендирани играчи кај „страчките“ прогресира со секој нов ден. Проценките на медиумите се дека Њукасл за мечот кој ќе се одигра во вторник ќе останат без дури 10 фудбалери.

Последен во листата на повредени е капитенот Ласелс. Покрај него, Еди Хау сигурно нема да смета и на суспендираниот Сандро Тонали, како и повредените Ник Поуп, Џејкоб Марфи, Харви Барнс, Џозеф Вилок, Елиот Андерсон, Жоелинтон, Хавиер Манкиљо и Мет Таргет.

Њукасл загуби и во последното коло од Лутон со 1:0.

ПретходноМекГрегор до УФЦ: Аман веќе дајте ми некој да се борам!
СледноФилип Алексовски е првото зимско засилување за Беса