Првата ѕвезда на Рома, Пауло Дибала се уште се опоравува од повредата на мускулот и останува под знак прашалник за настап на дербито против неговиот поранешен тим Јувентус, пишува „Ил Темпо“.
Дибала работи напорно за да го скрати процесот на закрепнување, но веројатно нема да успее да го постигне натпреварот против Јувентус на 30 декември.
Во меѓувреме, Кумбула е на прагот на кам-бек и би можел да биде вклучен во тимот на Рома за пресметката со Јуве по долгото опоравување од тешката повреда.