Фото од Кипар: Капитените Македонци на АЕК Ларнака и Докса!

983

Ретко кој наш фудбалер кој игра надвор од Македонија е капитен на својата екипа, а уште поретко или веројатнио никогаш не се случило, барем до завчера, на еден меч и двајцата капитени да бидат Македонци.

Сепак, завчера и тоа се случи, и тоа не меч во шампионатот на Кипар каде силите ги одмерија домашниот АЕК Ларнака и Докса. Пред да започне мечот двајцата капитени прво се поздравија а потоа беа фотографирани заедно со судиите.

Секако дека тоа беа Иван Тричковски (АЕК Ларнака) и Душко Трајчевски (Докса). На победата од 2:1 и се израдува Тричко кој постигна и гол, ја затресе мрежата на третиот Македонец, Дамјан Шишковски, голманот на Докса.

ПретходноДончиќ ги натера своите тренери да прават склекови, а на соиграчите им подари е-велосипеди за Божиќ! (ВИДЕО)
СледноТака се работи: Работнички ќе добие 150.000 евра од најавениот трансфер на Максимов од Шкендија во Ласк Линц!