Екипата на Чаир 2030 ја забележа деветтата победа сезонава во најсилната македонска кошаркарка лига откако славеше на домашен терен против ТФТ со убедливи 81-63. Уште по првото полувреме беше јасно кој ќе биде победникот затоа што чаирчани имаа предност од 57-33.
ТФТ беше нешто подобар во продолжението на мечот но недоволно за да направи подвиг.
Кај Чаир најефикасен беше Диванте Мофит со дури 34 поени за 21 ипол минута игра, а го Корбет постигна 16.
Кај ТФТ најдобри поентери беа Зафиров односно Наумоски со по 11 поени.
Со тоа ТФТ го запиша вториот пораз по ред, односно шести во сезоната. Чаир е на третото место на табелата.