А кој друг? Бугарин бил виновникот за “Божјата рака“ на Марадона! (ВИДЕО)

1526

Така е тоа во фудбалот. Ќе се случи нешто како пред речиси цели четири децении ама ќе се памети додека постои светот. Како оној меч меѓу Аргентина и Англија на СП во Мексико 1986 кога Диего Марадоа со рака постигна гол за водство од 1:0. На крајот победи Аргентина, по тој гол Диего го постигна најубавиот гол во историјата на фудбалот, ама засекогаш ќе се памети “Божјата рака“.

А до тоа, тој гол да биде признаен, бил виновен, а кој друг, бугарски судија со име и презиме Богдан Дочев кој би помошник на главниот судија Али Бен Насер од Тунис, кој по толку години го прикажува тој момент на стадионот “Ацтека“ пред 120.000 гледачи:

Совеста ми е мирна, секој судија може да погреши, но јас во тој момент сметав дека донесов исправна пдоценка и го признав голот. Секако дека имаше дилема кај мене, и Шилтон и Марадона беа свртени со грб од мене и затоа јас го погледнав мојот помошник Бугаринот Дочев кој можеше да ја види најубаво ситуацијата, и двајцата ги гледаше во нивните лица. Дочев ме ме увери дека голот на Марадона е 100 насто е регуларен и затоа јас покажав на центар. Ја продолжив средбата мирно и нормално“ истакнува судијата од Тунис.

Претходно“Гардијан“ објави листа на најдобрите 100 фудбалери во 2023, на неа нема македонски играчи!
Следно“Бомба“ од Милано: Конте седнува на клупата на Милан?!