Не оди, па не оди кога станува збор за Милан. Тимот се соочува со повреди, стратегот Стефано Пиоли едноставно не може да го врати сјајот на екипата од пред две години со која беше шампион.
И кога е така во големите клубови веднаш се споменува смена на тренерска клупа. А утринава медиумите во Италија ливеруваат “бомба“ и го најавуваат Антонио Конте, екс стратегот на Јуве, Челзи, Интер, Тотенхем…како тренерско решение за во јуни, а може и порано.
Конте од март е слободен и нема ангажман, но проблем ќе бидат финансиите. Имено јасно е дека Милан не може да се дозволи тренер кој чини најмалку 12 -15 милиони евра по сезона.