Дончиќ ги натера своите тренери да прават склекови, а на соиграчите им подари е-велосипеди за Божиќ! (ВИДЕО)

504

Немој никогаш да се обложуваш против Лука Дончиќ, па макар тоа значело на прв поглед сигурен облог. Имено Лука со своите тренери од Далас на загревањето пред дуелот со Сан Антонио, на кој блескаше со трипл-дабл, се обложи дека од центар че даде кош, но свртен со грб. Тој тоа го направи и успеа, па така тренерите мораа да прават склекови, што беше чудна ситуација за сите во салата, но не и за Словенецот кој не го криеше своето задоволство од тоа дека победил.

Инаку прес службата на Далас објави видео во кое се гледаат десетина е-велосипеди. Сите тие биле подарок од Лука за своите соиграчи за Божиќ.

Нема што, убав гест на мега – ѕвездата во НБА која доаѓа од Словенија.

Претходно“Бомба“ од Милано: Конте седнува на клупата на Милан?!
СледноФото од Кипар: Капитените Македонци на АЕК Ларнака и Докса!