Интер и Дармијан се договориле за нова соработка на уште 2 години

80

Фудбалерот на Интер, Матео Дармијан, договорил нова соработка со миланскиот клуб, тврди добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.

Според неговите сознанија, новиот договор ќе важи до јуни 2025 година. Сите услови се договорени, само прашање на време е кога Интер ќе го официјализира.

Двете страни се задоволни и сакаат да продолжи понатамошната соработка. Се очекува во наредните денови уште неколку играчи да ги продолжат договорите со Интер.

ПретходноДе Лаурентис сонува за Суперлига, но сега неговиот Наполи не би можел да игра ни во Лига Конференции!
СледноМилан без Томори најмалку два месеци