Манчестер Ј. во „слободен пад“: Толку порази не се паметат од 1930 година!

274

Екипата на Манчестер Јунајтед ја има една од најслабите сезони во послените децении. Последниот пораз од Вест Хем за тимот на Ерик тен Хаг беше осми пораз во првенството и вкупно 13-ти во сите натпреварувања. Целата мината сезона Јунајтед имаше исто толку порази на 62 натпревари, додека сега овие порази дојдоа на само 26 натпревари.

Јунајтед нема изгубено толку многу натпревари пред Божиќ речиси еден век. Последен пат кога загуби повеќе беше 1930 година, кога тимот заврши на дното на лигата. Севкупно, во 2023 година, тимот забележа 20 порази, најмногу во една календарска година од 1989 година.

Голем проблем за Тен Хаг е и нападот. Во Премиер лигата, тие досега постигнаа само 18 гола оваа сезона, а помалку има само Шефилд Јунајтед кој е на дното на табелата. Само трипати во нивната речиси 150-годишна историја Манчестер Јунајтед постигнал помалку голови во Премиер лигата во првите 18 натпревари. Покрај тоа, тимот е во серија од четири последователни натпревари во сите натпреварувања без постигнат гол, што не се случило од крајот на 1992 година.

ПретходноЧави го повикал во канцеларија да му каже што мисли за него, играчот на Барса бил шокиран! (ФОТО)
СледноЧелзи промаши што не се промашува, па загуби кај Вулверхемптон (ВИДЕО)