Конор МекГрегор ги повика УФЦ, конечно, да му закажат борба.
„Момците во Саудиска Арабија зборуваат за борбата со Мани Пакјао, но УФЦ не кажува ништо. Дајте ми некој! Требаше да се вратам во декември, а потоа требаше да се вратам во април. Ниту еден борец никогаш не бил третиран како мене. Сите бројки покажуваат дека продавам повеќе од сите заедно. Треба да закажат некоја борба. Чекам, но моето трпение е при крај“, изјави поранешниот двоен шампион во УФЦ.
МекГрегор последен пат се бореше во летото 2021 година, кога загуби со технички нокаут од Дастин Поаре.