Вчера во меч од 19.коло во елитната лига во Шкотска, Селтик на свој терен успеа да слави над Ливингстон со 2:0. Тоа е помалку важно, поважно е што по цели 13 меча на трибините се вратија фановите на Селтик и веднаш спектакл и поддршка за Палестина.
Имено тие со неколку транспаренти испратија порака која одекна ширум светот.
“Многу домови се тажни вечерва и шепотат нечие име под светлоста на свеќите. 20.000 убиени од кои 8.000 деца“ пишуваше на трансперентите на фановите на гигантот од Глазгов.
Green Brigade back at Celtic Park after a two month ban and straight back to showing support for the Palestinians. pic.twitter.com/ZPkiEYppDD
— Liam O'Hare (@Liam_O_Hare) December 23, 2023