Од вчера се е готово. Елиф Елмас е нов член на Ред Бул Лајпциг, а Германците на Наполи ќе му платат 25 милиони евра, додека договрот на Елмас со Лајпциг е до 2028 година и годишно нашиот репрезентативец ќе заработува по 3 милиони евра. Барем такви се шпекулациите.
Познато е и кога Елмас ќе ги има првите тренинзи во својот нов клуб. Кога тој треба да им се придружи на своите нову соиграчи. Тоа ќе биде на 2 јануари и тоа во Ла Манга, во Шпанија каде Лајпциг ќе ги одработи мини зимските подготовки.
Инаку првиот меч во новата 2024 година Лајпциг ќе го има на 13 јануари и тоа против Ајнтрахт на “Ред Бул Арената“, веројатно тогаш Дијамантот ќе дебитира за “биковите“.