Рајковиќ ќе биде тренер на еден од тимовите на Ол-Стар мечот во ВТБ лигата

92

Нашиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ и тренерот на Ненад Димитријевиќ, Велимир Перасовиќ, ќе ги предводат тимовите на Ол-стар натпреварот во ВТБ лигата во 2024 година.

Ова стана познато откако Локомотив Кубан извојува сигурна победа над Зенит со 93:73, па на крајот на годината ЦСКА и Уникс ќе презимат на првите две места на табелата.

Претходно стана јасно дека во 2024 година, Ол-стар натпреварот на ВТБ лигата ќе се одржи за првпат во нов формат: тренерите на двата најдобри тима во лигата наизменично ќе ги избираат своите тимови на специјална церемонија.

Ол-стар натпреварот ќе се одржи на 18 февруари 2024 година во Москва во ВТБ Арената. Овба ќе биде осми ваков настан во историја на натпреварувањето.

ПретходноКлоп со порака за Артета од три збора!
СледноЧави го повикал во канцеларија да му каже што мисли за него, играчот на Барса бил шокиран! (ФОТО)