Сер Џим Ретклиф со сума од 1,25 милијарди фунти денеска ги купи предвидените 25 отсто од Манчестер Јунајтед. Милијардерот на петрохемиската компанија ИНЕОС ќе ги преземе фудбалските операции на „Олд Трафорд“ откако ќе се верификува уделот во клубот од семејството Глејзер.
Официјалното објавување на договорот беше одложено неколку пати, но сега се очекува потврда пред Божиќ. Како дел од договорот, Ретклиф и неговиот тим ќе ја преземат контролата и врз играчкиот кадар во Јунајтед, вклучувајќи го и регрутирањето нови играчи.
„Дејли Меил“ објави дека Ретклиф ќе препорача намалување на работните места и заштеда на ефикасност во различни оддели во Јунајтед по неговото откупување.