Фенербахче и Галатасарај одиграа без голови во големото истанбулско дерби во рамките на Суперлигата. По мечот тренерот на Галата, Окан Бурук истакна дека неговата екипа е оштетена за пенал. Моментот се гледа на видео снимката кога Икарди е фаулиран од еден дефанзивец на Фенербахче во моментот кога се нафрла топката од десната страна.
„Тоа беше меч со неколку шанси. Нашиот противник долго чекаше и ни го препушти поседот на топката, но тоа не го искористивме. Во првото полувреме Мауро Икарди доби удар поради кој требаше да добиеме пенал. Таков удар се гледа во боксерски ринг, а не на терен. Гледачите на трибините не го видоа тој удар, а требаше да го видат. Не сакам да го критикувам судијата, но не добивме чист пенал“, изјави Бурук.
Yayıncı kuruluş Galatasaray’ın penaltı beklediği pozisyonun farklı açısını yayınladı. pic.twitter.com/nD3mBWHY8M
— Fotomaç (@fotomac) December 24, 2023
Arda kardeşlerin pozisyona penaltı vermemesi sizce doğru karar mı ? #galatasaray pic.twitter.com/lkBKXdu35f
— Betzula (@betzulacomtr) December 24, 2023