Младиот 23-годишен крилен напаѓач Филип Алексовски е првото зилско засилување за есенскиот првак во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Беса. Како што објавија од клубот, Алексовски доаѓа во редовите на Беса од екипата на Македонија ЃП.
Тимот кој има сериозни амбиции за влез во елитата полека се обидува да го комплетира ростерот кој ќе се гради и за прволигашките настапи. Алексовски кој настапува на десната крилна позиција имаше 16 настапи во елитната конкуренција со два постигнати гола.