Академија ФМП го совлада Охрид со 96-88 и ги остави „рибарите“ на дното на табелата во првата македонска кошаркарска лига. Домашниот тим во втората четвртина направи висока предност која потоа ја одржуваше до крајот. При резултат 30-31, составот од Кисела Вода направи серија од 14 поени и потоа лесно го приведе мечот до крај.
Кај домашните најефикасен беше Брукс со 26 поени, а Нигериецот Огундиран заврши со „трипл дабл“ со 18 поени, 11 скокови и 10 асистенции.
Кај Охрид се истакна Лазар Димовски со 23 поени.
ФМП има скор од 3-10, додека Охрид е последен со 2-11.