Чаир 2030 убедлив против ТФТ, Мофит постигна 34 поени

107

Екипата на Чаир 2030 ја забележа деветтата победа сезонава во најсилната македонска кошаркарка лига откако славеше на домашен терен против ТФТ со убедливи 81-63. Уште по првото полувреме беше јасно кој ќе биде победникот затоа што чаирчани имаа предност од 57-33.
ТФТ беше нешто подобар во продолжението на мечот но недоволно за да направи подвиг.
Кај Чаир најефикасен беше Диванте Мофит со дури 34 поени за 21 ипол минута игра, а го Корбет постигна 16.
Кај ТФТ најдобри поентери беа Зафиров односно Наумоски со по 11 поени.
Со тоа ТФТ го запиша вториот пораз по ред, односно шести во сезоната. Чаир е на третото место на табелата.

ПретходноФМП го совлада Охрид, Огундиран со „трипл-дабл“
СледноКапитенот на Аргентина У17 на радарот на Манчестер Сити