Челзи промаши што не се промашува, па загуби кај Вулверхемптон (ВИДЕО)

249

Денеска во последниот натпревар од 18. коло во англиската Премиер лига, Вулверхемптон го совлада Челзи со 2:1.

Во прилично израмнет натпревар во првиот половина час, и дват атима не успеаја да се запишат во листата на стрелците. Вреди да се истакне обидот на Стерлинг од слободен удар во 29. минута, кога топката за малку помина над голот.

Домашниот тим можеше да поведе во 41. минута. Досон со глава биеше покрај голот.

На отворањето на вториот дел, поточно во 49. минута, Петровиќ брилијантно го брани обидот на Тоти, но две минути подоцна Сарабија изведе корнер, а највисок во скокот беше Лемина, кој постигна гол со глава за предност на домашните.

До крајот на натпреварот видовме уште неколку обиди од двете страни и вистински спектакл во судиското продолжение кое траеше повеќе од првично покажаните 11 минути. Најпрвин резервистот Доерти погоди за 2:0 во 93. минута, а три минути подоцна Нкунку му даде малку надеж на Челзи, но до крајот остана 2:1 и домашните запишаа три бода.

ПретходноМанчестер Ј. во „слободен пад“: Толку порази не се паметат од 1930 година!
СледноДе Лаурентис сонува за Суперлига, но сега неговиот Наполи не би можел да игра ни во Лига Конференции!