Каде е Жозе Мурињо таму е шоуто. Вчера Рома го победи Наполи со 2:0, интересен и борбен дуел, но тоа се заборава а ќе се памети само она што ќе направи “специјалниот“.
А Жозе направи многу работи, но една беше специфична, во немо својствен стил.
Се играше 37.минута од дербито на “Олимпико“ а резултатот беше 0:0. Во тој момент врз Кварадона или Квича Кварацкелија имаше старт од еден играч на Рома а Грузиецот се превиткуваше како да му ја скршиле ногата. Жозе потоа дојде до Грузиецот и почна да му се дере, изнервиран од тоа дека Квича симулира а посебно што неговиот играч за тој старт доби картон. Потоа на општо изненадување го прегрна фудбалерот на Наполи кво татковски стил и така прегрнати двајцата си разменија по некоја реченица.
Ова го може само “специјалниот“ и никој друг како што се гледа од видеото…
¡Se dijeron de todo entre Mourinho y Kvaratskhelia! 🗣️
Otra joyita que nos regala el técnico de la Roma 🎬 pic.twitter.com/kqpCakyAeW
— ESPN.com.mx (@ESPNmx) December 23, 2023