Џошуа победи, Вајлдер загуби ама Роналдо мораше да го “трпи“ здодевниот МекГрегор! (ВИДЕО)

1037

Утринава во Ријад (С. Арабија) се одржа боксерски спектакл наречен “Денот на пресметката“.

Британецот Ентони Џошуа се прикажа во вистинско светло и успеа да го совлада Ото Валин од Шведска во главната борба на вечерта. Џошуа доминираше па затоа тренерите на Валин да ја прекинат борбата во петтата рунда, Ова беше 27 победа на Џошуа во неговата професионална кариера.

За разлика од него Деонте Вајлдер е далеку до својата посакувана форма и мора да си признае дека неговите најдобри боксерски денови се минато. Американецот доживеа сензационален пораз од Џозеф Паркер од Нов Зеланд и тоа на поени. Ова за Вајлдер беше третиот пораз во кариерата.

Од друга страна во центарот на вниманието беше Кристијано Роналдо кој беше меѓу специјалните гости веднаш до рингот во неговиот Ријад.

Секако дека кога седна до него Конор МекГрегор не ни претпоставуваше дека Ирецот, познатиот УФЦ борец, ќе ја расипе вечерта. Конор постојано нешто му говореше на Кристијано, овој во одреден момент “вртеше“ со очите давајќу му знаци на својот нов “пријател“ да престане, ама Конор беше здодевен и не престануваше.

Уживанција за новинарите и фоторепортерите како што може да се види од видеото.

ПретходноМаестралниот Дончиќ, сега е на 11 поени до фамозната бројка од 10.000 во кариерата, Јокиќ и Денвер со нова победа! (ВИДЕО)
СледноСамо Алварез и никој друг: Има само 23 години, а ги освои сите најзначајни титули во светскиот фудбал! (ФОТО)