Де Лаурентис сонува за Суперлига, но сега неговиот Наполи не би можел да игра ни во Лига Конференции!

249

Наполи како шампион на Италија има катастрофална есенска полусезона во Серија А. По вчерашниот пораз од Рома во Рим, сега тимот од под Везув по 17.коло се наоѓа на седмото место на табелата со само 27 бода или 17 помалку од водечкиот Интер. Титулата уште сега е предадена, но поголем проблем за газдата на клубот, ексцентричниот Аурелио Де Лаурентис е што ако вака остане тогаш Наполи следната сезона нема да ја види Европа.

Па така медиумите во Италија малку и се потсмеваат со Де Лаурентис, посебно по неговата изјава дека тој е ЗА Суперлигата и Наполи ќе игра во неа.

Се коментира во стилот Де Лаурентис сонува за Суперлига а неговиот Наполи сега не би можел да игра ни во Лига Конференции.

ПретходноЧелзи промаши што не се промашува, па загуби кај Вулверхемптон (ВИДЕО)
СледноИнтер и Дармијан се договориле за нова соработка на уште 2 години